недела, 14. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Концептот „Македонија за сите луѓе“ значи пораз на криминалот на СДСМ

Концептот „Македонија за сите луѓе“ значи пораз на криминалот на СДСМ

Концептот “Македонија за сите луѓе” значи пораз на криминалот на СДСМ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-4 години со Македонија управува Заев и луѓето околу него. Тие ги поделија граѓаните на луѓе од прв и луѓе од втор ред. Луѓе од прв ред се Заев и луѓето околу него и тие кои им служат, а луѓе од втор ред се сите други граѓани кои се шиканирани од оваа власт. 4 години Заев е недопрен од судските инстанци. Слушнавме како Бојам Јовановски, кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони кажа дека парите завршија кај Зоран и Вице Заеви, како името на Вице исчезнало од пријавата за рекет во РЕК Битола, а истрага ниту за првото, ниту за второто нема. Нема одговорност ниту за Ден Дончев, Драги Рашковски, и редица други, велат од партијата.

Од таму додаваат дека нема одговорност ниту за локалните шерифи на СДСМ.

-Концептот ” Македонија за сите луѓе” значи крај за сите криминали, рекетот и корупцијата. Концептот ” Македонија за сите луѓе” значи правна држава, еднаквост пред законите и системот, еднакви можности за сите. Концептот “Македонија за сите луѓе” има за цел да стави крај на поделбите на Заев и СДСМ, на луѓе од прв и луѓе од втор ред, потенцираат од партијата.

Најнови вести