Еднондевна конференција на тема „НАТО интеграцијата – предуслов за безбедност и развој“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Евро-атлантскиот Совет на Македонија.
На отворањето на конференцијата, како што е најавено, ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.
Конференцијата, како што е најавено, е во рамки на првата 15-неделна „Школа за одбрана, безбеднсот и НАТО интеграции“, која има за цел да обезбеди основно познавање за НАТО, вклучително за неговата структура, политики, операции и други актуелни прашања поврзани со Алијансата, но и да придонесе за информираноста и зголемување на младиот кадар во АРМ потпирајќи се на едукативни и информативни алатки.