Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“, во кој обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.
Според обвинението, тие направиле списи што служат за изборите и гласањето – записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, а потоа додавале и одземале гласови за избор на гладоначалник во општина Чаир во првиот изборен круг.
Откако судот го прифати обвинението, Алими рече дека ќе соработува со Специјалното јавно обвинителство за се што тие ќе побараат од него.