сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирусот влезе во општина Бутел: Половина вработени во изолација, никој не ја научи лекцијата од градоначалникот Смилевски

Коронавирусот влезе во општина Бутел: Половина вработени во изолација, никој не ја научи лекцијата од градоначалникот Смилевски

Коронавирусот влезе и во општина Бутел, како што дознава КУРИР вработени лица во секторите (Финансии, Јавни набавки и урбанизам) се во изолација поради заболени вработени во општината.

Речиси целата општина е парализирана поради голем дел од вработените кои се во изолација, додека жителите се жалат дека нема кој да ги услужи.

Инаку неодамна градоначалникот на Бутел беше во изолација поради контакт со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска која беше позитивна на коронавирусот.

Тој по направените тестови на Фејсбук објави дека е негативен на вирусот, сепак јавноста сега прашува како е можно градоначалникот да не ја научи лекцијата и да ги заштити своите вработени да не се заразат со вирусот.

Најнови вести