Во обраќањето пред приврзаниците истакна дека тој е новиот градоначалник на Струмица.
-Победивме, успеавме! Упеавме и пуштивме порака како може да се води кампања и да се победи на избори со над 4.000 гласови разлика без притоа да се спомне опозицијата, без да се спомене противкандидатот оти на крајот треба и ним да им служиме. Ќе бидам градоначалник на сите, советници на сите. Нашите врати ќе бидат отворени на сите. Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност, значи да се биде отворен, значи да се биде комуникативен од градоначалникот до последната функција во рамки на функционирање на Општина Струмица. Ова е ваша победа за Струмица, ова е победа за цела држава, рече во обраќањето Костадинов.
Според партиските пресметки СДСМ освои мнозинство во Советот, каде доби 13 мандати, ВМРО ДПМНЕ 9 и еден советник од Граѓанската листа „Стига е”.