петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костовски: На економски план оваа влада за мене е едно големо разочарување

Костовски: На економски план оваа влада за мене е едно големо разочарување

Трифун Костовски во интервју за Фактор смета дека се додека не се поделат јасно позициите и додека институциите не добијат јасни ингеренции и ослободени буџети кои нема да зависат од Владата, ништо не правиме.

Еве на пример, судството, условно кажано, зависи од Владата, односно од тоа колку буџетски пари таа за него ќе одвои, и на тој начин таа го држи блиску до себе. Тоа не е решението. Мора да се воспостави правото и тоа да важи за сите во Република Македонија. А не да биде важечко само за одредени политички пресметки. Тоа е најгрозното нешто што и се случило на земјава. Второ, оваа Влада, точно е дека испорача нешто најпрекрасно, а тоа е што го реши прашањето со името. Иако, мене името Северна Македонија ме боли и никогаш нема да го ставам во мојот вокабулар, но во меѓународна употреба ќе прифатам да го слушнам. Но, од моја уста нема да излезе. Но, тоа прашање мораше да се реши. Друго ништо не испорача оваа Влада. Особено на полето на економијата, за мене е големо разочарување, вели Костовски.

Најнови вести