Тогаш Бутел прв пат заплака!
Ден потоа на 13 Април 2012 година, Велики Петок или најтешкиот ден во Христијанството, денот кога надчовечки беше мачен и распнат спасителот Господ Исус Христос, пишува на ФБ Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Првата вест од како што се разбудив тоа утро беше – “Дарко вчера на “езерце” убиле четири наши деца”. Се сеќавам дека се затворив во својата соба и на глас се прашував, Зошто. Зошто баш денеска, кој може да се нарече човек а да го направи ова, сакам правда, сакам брза и одлучна правда прво од државата а потоа од Бог.
12 Април 2012 година некаде кај 19ч исто како и Христос, најпрво се свирепо измачувани, а потоа кукавички убиени четири млади деца од Општина Бутел, три од Радишани едно од Љуботенски Пат:Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Филип Славковски и Кире Тричковски, нешто подоцна беше убиен и средновековен човек Борче Стевковски кој случајно се нашол на местото.
Осум години подоцна, иста болка иста мака иста желба за правда. Кој здраворазумен човек во тоа време можеше да претпостави дека после неколку години на оваа тема која емотивно ја покоси цела Македонија некој ќе се дрзне да печали политички поени.
Поранешниот Премиер Зоран Заев при веројатно здрава човечка свест одлучи пред се со родителите на овие маченици, а потоа и со целата македонска јавност предизборно да манипулира и грубо да лаже дека кај себе има цврсти докази за Монструм. Секако од тоа ништо и само ја доотвори и така многу малку залечената рана.
Овој монструозен чин со кукавичко убивање на голораки деца имаше за цел да убие нечиј дух. Македонскиот народ, а особено бутелчани несмеат никогаш да го заборават, напротив треба да го паметиме и да пркосиме, духот треба да остане стаменит, идеите вечни.
Не успеаа да го убијат Христос, не успеаа да ве убијат ниту вас, успеаа само да потврдат дека некои луѓе не заслужуваат да носат човечки облик.
Фејсбук статус на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.