Премиерот Димитар Ковачевски вчерашните гужви на бензиските пумпи ги оцени како класично воено профитерство.
-Во С.Македонија нема никаква криза со горива. Граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации, да не подлегнуваат на паника со оглед на тоа дека во држвата има доволно количини на нафта и нафетени деривати.Сакам да упатам апел и до трговците не смеат да ги ограничуваат количините кои ги породаваат .Дел од нив ги ограничуваат количините за точење со цел да ги зачуваат набавените залихи од шпекулативни причини тоа е класично воено профитерство, вели Ковачевски за Утрински Брифинг, додавајќи дека за состојбата е известено и институциите кои веќе се излезени на терен.