среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме првата земја којашто ќе стане членка на ЕУ во 2030

Ковачевски: Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме првата земја којашто ќе стане членка на ЕУ во 2030

Јасни се пораките дека за прв пат после многу години ЕУ е подготвена за проширување и прием на нови членки до 2030 година, тоа се поклопува со нашата цел и она на што работи Владата. Ако ги донесеме потребните одлуки во Собранието дека во 2030 година ќе бидеме првата земја од Западен Балкан којашто ќе стане членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски

-Подобар пример од повеќе брзини не постои. Сега доколку не ги донесеме потребните одлуки тоа ќе значи дека и Црна Гора, Србија и Албанија ќе отидат пред нас и ние ќе останеме во друштво на Босна и Херцеговина и Косово. Дали ние сакаме да останеме во тоа друштво?

Тоа се држави кои имаат се уште елементарни проблеми во своето функционирање. Јас не се согласувам нашата држава и нашите граѓани нивната група да остана со Косово и со Босна и Херцеговина во евроинтеграциите бидејќи во моментов ние сме пред сите држави во регионот.

Ако ги донесеме одлуките во Собранието дека во 2030та година Северна Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан која ќе стане членка на ЕУ, рече претседателот Димитар Ковачевски.

Најнови вести