понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски доби пет заемници, тројца од нив се Албанци

Ковачевски доби пет заемници, тројца од нив се Албанци

Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните.

На оваа конститутивна седница се определени заменици на претседателот на Владата на Република Македонија, и тоа:

– д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија;
– м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење;
– Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции;
– м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања;
– д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.

Владата денеска именуваше и претседатели и членовите на основните комисии на Владата на Република Македонија.

Најнови вести