среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: Фон дер Лајен е искрен пријател на Северна Македонија, лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја

Ковачевски: Фон дер Лајен е искрен пријател на Северна Македонија, лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, е искрен пријател на Северна Македонија, која лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– На средбата, овде во Рејкјавик, искрено ѝ се заблагодарив што верува во нашата решителност да ги засилиме реформските процеси за подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани и побрзо да добиеме статус на полноправна членка на Европската Унија, напиша Ковачевски на ФБ.

Најнови вести