сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Фон дер Лајен пристигна во Сараево

Фон дер Лајен пристигна во Сараево

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Сараево во рамки на нејзината четиридневна посета на Западен Балкан.

Таа се сретна со членовите на Претседателството на БиХ, а потоа ќе разговара и со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

За време на посетата на Босна и Херцеговина, претседателката на Европската комисија ќе го претстави Планот за раст за Западен Балкан, како и патоказот на регионот кон Европската унија.

Таа потоа ќе ги предаде клучевите од новите станови за 27 семејства во Вогошќа кај Сараево, кои се корисници на Регионалната програма за домување, која главно ја финансира Европската унија, со околу 80 проценти.