четврток, 25. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски ги повика пратениците да ги усвојат измените на законите за ДДВ и за акцизи

Ковачевски ги повика пратениците да ги усвојат измените на законите за ДДВ и за акцизи

Премиерот Димитар Ковачевски преку неговиот Фејбук профил предмалку ги повика сите пратеници да ги усвојат измените на Законите за ДДВ и за акцизи веднаш и нагласи дека ова е сега најголемиот приоритет.

-Мора сите заедно, да дадеме максимум и да обезбедиме брза и итна имплементација на сите мерки кои ќе значат заштита на животниот стандард и ликвидност на компаниите, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Измените на Законот за ДДВ и Законот за акцизи се денес е на дневен ред во Собранието, потсети и наведе дека нивното усвојување ќе овозможи да се реализираат дел од планираните мерки од пакетот со 26 мерки кој го донесовме неделава со кои пред сѐ ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата. (МИА)

Најнови вести