Премиеорот Димитар Ковачевски денеска пред медиумите како одговор на новинарско прашање рече дека изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, дадена пред шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во Софија, има се однесувала „на некои минати времиња“.
-Прво, јас насилство од било кој тип не оправдувам и секогаш го осудувам и ќе го осудувам исто како што ќе ја осудам секоја провокација која ги повредува чуствата на Македонците, за мене такви провокации се недозволиви и од внатре и од надвор. Второ, во однос на инцидентот, задоволен сум што институциите реагираа брзо и што МВР навреме реагираше и соодветно постапи, а верувам и ЈО ќе постапува по случајот. Трето, мора да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни, ова е класична дистракција на еден навистина перфиден начин како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина, се ова има импликации бидејќи ова не е утакмица помеѓу Пелистер и Вардар или МЗТ и Работнички, ова е нашата иднина, јас летово не преговарав во Брисел со 27 земји членки со едно горко чуство какво што го делеа и нашите граѓани преку провокации од внатре и надвор и носев одлука за европската иднина, за да стоиме тука и гледаме како безмилосно направено насилство влијае врз сето она кое е сработено и кое се случува преку насилството практично ја киднапира нашата европска политика, јас тоа нема да го дозволам, да се одвоиме од европскиот пат на државата и ќе инсистирам да се реши на најбрз можен начин зошто треба да одиме по патот на ЕУ. Најважно од тие што ги иницирале настанита минатата недела и претходно не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, исто така треба опозицијата да се преиспита, прочитавме информации дека нивни членови и симпатизерисе спомнуваат дека се поврзани со настаните од минатиот викенд и претходно и затоа велам дека опозициската партија наликува се повеќе на Левица, нам не ни треба тоа што тие го продаваат, постојат два концепти, едниот за европска Македонија и вториот за бесмислен национализам кој замина заедно со нивниот вистински лидер, јас ќе инсистирам на институционално разрешување.