Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, во своето експозе пред пратениците во Собранието порача дека новата Влада има јасен и осварлив план за соочување со економската и енергетската криза и надминување на негативните последици.
„Главен предизвик во економијата останува соочувањето со ефектите од пандемијата и енергетската криза. Уште на почетокот на мандатот, Владата ќе направи интервентен план за поддршка на населението и стопанството за справување со последниците од енергетската криза. Ова ќе биде направено со цел ублажување на негативните ефекти врз цените и заштита на граѓаните од ценовни шокови“ порача Ковечвски.
Претседателот Ковачевски се осврна и на мерките што новата влада ќе ги прземе во делот на енергетиката, со цел да се зголеми производството од домашните капацитети за да се намали потребата од увоз на скапа електрична енергија.
„Владата ќе спроведе стратегија која на краток, среден и долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдувањето на енергенси и одржливост на енергетскиот систем. Фокусот на обновливите извори на енергија и ефикаснoто искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата претставуваат основа на македонската енергетска револуција.
Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку инвестиции во нови зелени енергетски инфраструктурни проекти е вистинскиот пат кон обезбедување на енергетската независност на Република Северна Македонија. Во овој контекст, заштита на животната средина останува врвен приоритет бидејќи тоа значи обезбедување на здрава и сигурна иднина на следните генерации. Се залагаме за долгорочен одржлив развој што се темели на грижливо користење на природните ресурси.“ заклучи Ковачевски.