среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: Јасна е пораката од САД дека по членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ

Ковачевски: Јасна е пораката од САД дека по членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ

Не е точно обвинувањето на опозицијата дека Владата коленичи за да дојдат странски дипломати да вршат притисок со цел да се обезбеди гласање за уставните измени, бидејќи во Северна Македонија денеска е присутен високиот претставник од САД Габриел Ескобар, во име на пријателството, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со заменик помошникот државен секретар на САД Ескобар .

-Денес високиот претставник на САД, Ескобар е тука, не е негова прва ниту последна посета. Во име на тоа пријателство е средбата денес за која разговаравме што сме постигнале досега и што е она што можеме да го направиме во иднина. Да не заборавиме дека ние сме ценета членка на НАТО. САД е најголем поддржувач на Македонија и во нејзините интеграции. Сакам да истакнам искрена благодарност за придонесот на САД и за личните заложби на Ескобар за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан – рече Ковачевски.

Тој истакна дека со Ескобар разговарале пред се за процесот за почнување на уставните измени кој ЕУ и САД го сметаат за клучен и важен чекор на патот кон ЕУ. Ова е истиот став со ставот на коалицијата предводена од СДСМ и исто со ставот на над 80 отсто од македонските граѓани кои сакаат да бидат дел од Европската унија.

-Она што ние треба да го направиме е да обезбедиме непречен процес за полноправно членство во ЕУ. Преговарачката рамка е документ одобрен од сите членки и таа содржи услови кој ние треба да ги исполниме. Нов договор нема да има ниту има можност за репреговарање на рамката како што некои политичари велеа, а оваа реторика се помалку се користи по одговорите на политичките лидери во Брисел – потенцира Ковачевски.

Тој истакна дека билатералните односи со Бугарија се билатерални и нема да влијаат на процесот на евроинтеграции и најважно од се, според Ковачевски е дека нови барања во преговарачката рамка не може да има.

-Јасна е пораката од САД дека по членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ бидејќи друга алтернатива нема. Тоа е барање на граѓаните, сакаат децата да им останат дома и да си ја градат европската иднина, сакаат интеграција а не изолација – рече премиерот.

Тој верува дека пратениците ќе донесат исправна одлука, бидејќи секој друг исход ќе значи неизвесност за државата.

– Ако се одвоиме од Алабанија, Црна Гора и Србија никој не гарантира кога и каоко ќе станеме членка на ЕУ, Тоа не смее да се случи. Ги слушам политичарите кои велат на кој јазик ќе се зборува кога ќе влеземе во ЕУ, па на македонски јазик. Тоа е јазикот кој го зборуваат Македонците. Со уставните измени се внесуваат и други делови од народи со што се прави јасно разграничување на македонскиот народ со било кој народ, вклучително и бугарскиот. Имаме сериозна поддршка и дома и надвор и со изгласувањето на уставните измени ќе го направиме вистинскиот чекор. Со блокирањето на уставните измени не само што ќе не втурне во непоскувана позиција, ќе се изгуби моментумот на процесот и на поддршката од меѓународната заедница. Како премиер, коалицијата, министрите ќе направиме се согласно законите државата да оди напред, за граѓаните да бидат европски граѓани кои живеат во Северна Македонија. Гледајќи низ историјата колку тешки одлуки морало да седонесат јас сум убеден дека и овој пат ќе донесеме исправна одлука и ќе излеземе како победници – рече Ковачевски.

Најнови вести