вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски на средба со Мицотакис – енергетската криза во фокус на средбата меѓу двете владини делегации

Ковачевски на средба со Мицотакис – енергетската криза во фокус на средбата меѓу двете владини делегации

Справувањето со енергетската криза беше главната тема на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и неговиот грчки колега, Киријакос Мицотакис.

Делегациите на двете влади се сретнаа во Атина, разговараа и склучија договори за непречено снабдување со јаглен и лигнит од рудниците на Грција во последниот квартал од оваа и првиот квартал од наредната година. Ова ќе овозможи производствените капацитети на „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“ да немаат никакви прекини. Исто така, било договорено и непречено снабдување со мазут, како и досега, со цел непречено функционирање на ТЕЦ Неготино.

Друго прашање за кое станало збор на средбата меѓу двете влади се проектите за енергетска трансформација, како што е изградбата на гасоводот од Грција до Северна Македонија, за кој, како што рече премиерот, веќе е почната процедурата за „маркет тестот“ кој се очекува да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција. Ковачевски истакна дека веќе има понуди за закупување на капацитети во овој преносен гас, а доколку сѐ оди според планот, изградбата би требало да започне на крајот на годината.

На средбата меѓу другото се разговарало и за проектот Чебрен за кој има понуда од грчка компанија. Доколку предвидените процедури поминат низ надлежните институции, Ковачевски рече дека може да се очекува до крајот на годината да биде потпишан договор.

Најнови вести