понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски на увид во процесот на чистење на линданот во малата депонија во „ОХИС“

Ковачевски на увид во процесот на чистење на линданот во малата депонија во „ОХИС“

Утре во 10:00 часот, претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир ќе направат теренска обиколка на локацијата во кругот на „ОХИС“, каде завршуваат подготвителните активности за отпочнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан и неговите изомери, информираатод Владата.

Настанот ќе се одвива во близина на поставениот шатор врз малата депонија. По кратката обиколка ќе бидат дадени изјави за медиумите. На настанот ќе присуствуваат и шефот на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, Микела Телатин, националниот координатор на проектот, Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот „Полиеко“.

Најнови вести