понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски – Штајнмајер: Германија сака да ја види Северна Македонија во ЕУ во најбрз можен рок

Ковачевски – Штајнмајер: Германија сака да ја види Северна Македонија во ЕУ во најбрз можен рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Владата го пречека Претседателот на Сојузната Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Во рамки на посетата на Претседателот на Сојузна Република Германија Штајнмајер, се одржа и билатерална средба на двете делегации во Владата на Република Северна Македонија. На билатералната средба од страна на владината делегација присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за економија, Крешник Бектеши.

На средбата се беше изразено обостраното задоволство од силната поддршка која Северна Македонија ја добива од Сојузна Република Германија за евроатланската интеграција на земјата и одличните билатерални односи помеѓу двете земји кои следната година одбележуваат јубилејни 30 години. Северна Македонија нема друга алтернатива освен европската.

Претседателот Штајнмајер изјави дека Германија сака да ја види Северна Македонија што е можно поскоро во Европската Унија. Детерминираноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачува демократијата и европските вредности.

На средбата заеднички беше констатирано дека целата поддршка и напори кои ги вложуваат двете земји, вклучително и претстојните уставни измени се во насока на обезбедување на европска иднина на граѓаните.

Покрај сојузништвото и партнерството во НАТО, ООН и ОБСЕ, Германија оваа година имаше и успешна улога во Берлинскиот процес кој резултираше со три потпишани договори за меѓусебно признавање на академските квалификации/дипломи, професионалните квалификации и патните исправи.

Сојузништвото и сплотеноста се особено видливи во усогласеноста со ЕУ и како НАТО сојузници во поддршката за Украина.

Денешната посета е потврда на пријателството и соработката. Блиските релации на двете земји се потврдуваат и преку економската соработка. Германија е прв и најголем економски партнер на Северна Македонија, која околу 45% од целокупниот извоз го извезува во Германија. Околу 200 компании во Северна Македонија се германски компании меѓу кои и WPD која вложува околу 500 милиони евра во ветерна електро-централа со моќност од 415КВ во Куманово – Крива Паланка, и која претставува сериозен чекор во производството на електрична енергија од обновливи извори.

Најнови вести