сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски со честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

Ковачевски со честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

Ковачевски до МПЦ-ОА: Со особена грижа и верност ги чуваме заветите на Светите Кирил и Методиј

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Честитката на премиерот Ковачевски до Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима Г.Г. Стефан, како и до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, до свештенството и монаштвото, како и на сите православни верници во нашата земја, ви ја пренесуваме во целост:

„Ваше Блаженство, Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан,

Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви го честитам големиот празник Денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј.

Македонскиот народ со особена грижа и верност ги чува заветите оставени како аманет од сесловенските просветители, чие дело е подеднакво вредно и корисно за целокупното човештво. Да продолжиме по нивните стапки и со мудрост да носиме подобри времиња за сите!

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!“.

Најнови вести