сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски со честитка по повод Рамазан Бајрам

Ковачевски со честитка по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и на Муфтиствата, како и до сите верници од исламска вероисповед, кои празнуваат.

„Упатувам искрени желби за мир, радост и благосостојба до секого и во сечиј дом. Празниците се денови кога членовите на семејствата, соседите, пријателите се заедно и споделуваат меѓусебна почит, разбирање, солидарност.

Токму на овие вредности, ние заедно го градиме и нашето еднакво општество за сите граѓани, промовирајќи ја мултикултурата како функционална придобивка и со оваа посебност ја интегрираме државата во европското семејство на народи и држави.

Во време на безбедносни и економски предизвици на европскиот континент, Република Северна Македонија е корисен, уникатен пример, за негувањето и развојот на различните традиции, вери, заедници.

Преку заедничките определби, со искрените пријателства, да продолжиме да поставуваме нови темели во меѓусебните односи. Честит Рамазан Бајрам!”, порача премиерот Ковачевски во телеграмата по повод празникот до поглаварот на ИВЗ хаџи Шаќир ефенди Фетаи.

Најнови вести