недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: Во Србија се чувствувам како дома

Ковачевски: Во Србија се чувствувам како дома

Во Србија се чувствувам исто како што се чувствуваат и претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ кога доаѓаат во нашата држава, што значи исто како дома, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателката на српската влада, Ана Брнабиќ.

Ковачевски потенцира дека меѓу Македонија и Србија нема ниту едно отворено прашање или нерешен проблеми.

-Имаме разговори за поуспешна соработка меѓу нас. Нашите две влади се силно ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард на граѓаните, а на бизнис заедницата да и овозможат ефикасно да работат, кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека како држава, имаме постигнато висок степен на усогласување со позииците на ЕУ.

-Нашите држави и С. Македонија и Србија припаѓаат на слободниот и демократски дел од Европа. ЕУ има интерес на Балканот да нема конфликти и да има стабилност, истакна Ковачевски.

Најнови вести