Би било пожелно доколку секоја институција вклучително и обвинителствто и судството можат да се пофалат со транспарентност во која што ќе можат граѓаните кои што ги плаќаат даноците да знаат колку предмети се во обработка, колку биле од нив сработени, каков е резултатот, изјави претседателот на Владата на Репuблика Северна Македонија Димитар Ковачевски во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизијата Сител.
Премиерот посочи дека дека со зголемувањето на транспарентноста се зголемува кредибилитетот на работата на институциите.
„Тие имаат свој систем на работа, свој систем на функционирање. Вие самите кажавте дека има истражување на јавно мислење кое што вели дека кредибилитетот на овие институции е само 8%, што значи дека оние кои што ја финансираат нивната работа само 8% ги сметаат за кредибилни. И затоа сметам дека овие институции соодветно на своите надлежности да ги зголемат своите перформанси, за да може да го зголемат својот кредибилитет, како што сега имавме едно истражување и официјална информација од независна институција за транспарентноста, Владата беше оценета како 100% транспарентна, врз основа на факти и врз основа на обврските кои што ги има за споделување на сите информации кои што треба да ги сподели. Значи сите информации кои што требало да се споделат, биле споделени“, рече премиерот Ковачевски.