среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Ако Ковачевски е трајно неспособен како може да биде премиер, не би можел да ја врши функцијата како што доликува

Ковачки: Ако Ковачевски е трајно неспособен како може да биде премиер, не би можел да ја врши функцијата како што доликува

Чест и должност е да се служи војска. Периодот за кој зборуваме и кој го изнесовме во јавност и го повикуваме премиерот да се изјасни дали лажел дека е трајно неспособен или е навистина трајно неспособен. Затоа што во тој документ кој излезе на социјалните мрежи и потоа ние го реобјавивме и се повикуваме на него, многу јасно се гледа дека со црвено е напишано дека е трајно неспособен, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Останува дилемата, дали навистина е трајно неспособен или направил премиерот Ковачевски, или неговиот татко му помогнал кој тогаш бил градоначалник на Куманово од СДСМ, да се извади таков лажен документ и да се посведочи пред регрутната комисија на АРМ, со што е ослободен од вршење на војничката дејност, односно служење на воен рок, потенцираше Ковачки.

Ковачки прашува ако премиерот е трајно неспособен како може да биде премиер на една држава.

– Тој човек не би можел да ги обавува своите редовни дневни активности. Имате состаноци, средби, настапи, контакти со бизнис заедница, разни целни групи, патувања во странство, средби со високи делегации. Доколку носите една таква дијагноза трајна неспособност, вие би биле спречени да можеше да ги обавувате задачите како што доликува на премиер, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека според негово мислење Ковачевски не сакал да служи војска во 2001 година да ја брани татковината кога најголем дел од граѓаните застанаа во одбрана на државата вклучително и неговите кумановци, кои беа вклучени во одбрана на Македонија.

Во врска со оправдувањата од премиерот Ковачевски дека имал хируршка интервенција, Ковачки вели дека тоа е времена неспособност.

– Сега вели бил на хируршка интервенција, каде се тие работи да ги видиме. Трајна неспособност кога некој ќе ти даде тоа е за цел живот. Тој не негира дека имал проблем. Тој се повикува на здравствена состојба, не на школување. Станува збор за манипулација, од неговиот кабинет го дозаглавија, велат имал предизвик кој го отстранил, тоа се надминува, тоа не може да биде трајно, туку времено. Каква е таа причина поради која не си ја бранел татковината, нагласи Ковачки.

Тој истакна дека Ковачевски избегал од војска, не сакал да служи војска, а на 18-ти август им честиташе на Армијата и дури имаше свое обраќање и тоа е класична хипокризија, вие бегате од војска, се криете, носите лажни документи, или сте крајно неспособен, а од друга страна им честитате на војниците денот на Армијата.

„Вие имате членка на НАТО чиј што премиер лажел или е трајно неспособен, едно од тие двете. Значи никој не сака и не посакува партнер на масата да седи со него, кој што во најмала рака е неморален. Ако не е трајно неспособен, тогаш е неморален. А, во таа западна Алијанса нормално е дека треба да седат луѓе со највисоки квалитети, а не со овие обратни што ги кажувам. Друга работа е тоа што доколку лажел или доколку имал трајна или ограничувачка неспособност тука веќе се поставува прашањето и за неговиот пристап на класифицирани информации. За безбедносен сертификат како се издава е точно пропишано во процедурата дали лицето кое што лаже, кое што се служи со лаги, со измами за да добие одредени бенефиции и привилегии може да добие безбедносен сертификат или не може. А, јасно е дека не може“, појасни Ковачки.

Тој посочи како пример дека голем број од американските претседатели отслужиле војска, должноста која што ја имале кон својата држава ја исполниле. А, Македонија има премиер кој што бега од војска.

„Денеска од МО признаа дека ние во моментот имаме трајно неспособен премиер кој што ја води државата. Каква воена тајна, зар воена тајна е тоа што премиерот е неспособен за служење на војска? Или пак што бегал од војската? Зар тоа е воена тајна? МО си имаат некои процедури, нека си тераат по процедури, но јавен интерес е да се знае какво лице ја води државата. Трајно неспособно или лице кое што лаже? Тоа мора да се знае. Нема бегање од таа работа. Каква класификација, какви воени тајни. Па, сега ќе се повикуваат на законот за класифицирани информации. Тоа се неодговорни работи. Тие што треба да направат сега? Како министерство за одбрана треба да излезат и да побараат одговорност од премиерот, доколку се професионални до крај. Одговорност од него да побараат, зошто лаже. Како може да седи на тоа столче и да не поднесува се уште оставка. До кога тие планираат со вакви спинови и дефокусирање да ја замајауваат јавноста? Ние имаме човек што ја лаже македонската јавност или е трајно неспособен“, рече Ковачки.

Најнови вести