При распишан тендер за сервисирање на авионите за гаснење на пожари, некој не дозволил да се склучи договор за сервисирање. Скапо ли му било или нешто друго е во прашање? Претседателе на “нашата земја”, проверете си дали некој требало да земе провизија и колку? Зошто е избркана странската фирма за сервисирање?, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
-Понатаму, за летање во ноќни и во сложени метео услови, Министерството за одбрана во периодот пред доаѓање на оваа структура на власт, имаше инвестирано околу 20-тина милиони евра во воените воздухоплови. Бројката на летала оспособени за НОЌНО летање до пред неколку години беше двоцифрена. Тие летала беа и НАТО компатибилни. Од моментот на доаѓање на оваа власт на чело со Шекеринска во МО, способноста за ноќно летање е изгубена, односно процесот на сервисирање и надградба на хеликоптерите е прекинат! Зошто? Г-дине Пендаровски и г-ѓо Шекеринска, во моментов имате воздухопловство што одговара на минатиот век. Чекајте нека изгори цела Македонија, па после ќе се дообјаснуваме…