Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки реагираше на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека близок човек до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го убил ракометарот Денис Тот.
-Вечерва Претседателот Христијан Мицкоски е во Велес во манастирот Св. Димитрија. Министре Спасовски, имаш опција веднаш да ги пратиш твоите режимски полицајци да го уапсат или да се извиниш за тоа што го тврдиш. Ако ништо од ова не направиш, биди сигурен дека набргу од денес некој ќе дојде по тебе, пишува Ковачки на Фејсбук.