Драган Ковачки преку статус на Фејсбук ја повика министерката за одбрана Славјанка Петровска да го примени законот што го изгласале пратениците во собранието и да им ги покачи платите на професионалните војници во нашата земја.
-Ја повикуваме министерката за одбрана доследно да ги спроведе измените на Законот за Служба во АРМ кои ги изгласавме во Собранието и да не се обидува да ги манипулира вработените во делот на платите.
Еве неколку примери за пресметката за плата во АРМ согласно измените што стапија на сила и согласно кои од месец ноември на вработените им следува покачување на плата според следното:
– професионален војник – околу 7.000 денари
– подофицер чин наредник – околу 9.000 денари
– офицер чин потполковник – околу 9.000 денари
Истото се однесува и на другите чинови.
Тоа што деновиве Министерот за одбрана објаснува дека ќе ја зголемеле платата за 2.000 денари и дека тоа било договорено со синдикатите нема никаква врска со законската обврска за зголемување на платите согласно погоре кажаното.
Министерот за одбрана е должен да одговори каде ќе оди разликата од платите што законски треба да ги земат вработените (7, 8, 9 илјади покачување) и платите што ќе ги земат (2 илјади покачување).
Министерке Петровска, ако не сте способни да реализирате закон кој беше усогласен помеѓу власта и опозицијата, тогаш поднесете си оставка, стои во неговиот пост на Фејсбук.