Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност. Постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери, изјави на денешната прес конференција, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека Талат Џафери, но и власта на СДСМ и ДУИ се должни на македонската јавност да и објаснат:
1. Зошто криеше дека при средбата со делегација имало безбедносно-интересни лица и кога планираше да ја запознае јавноста за овој факт?
2. Што договарал со делегацијата во која бил и поранешниот пратеник на Думата Абдул-Вајед Нијазов, во случајов претставник на Чеченската делегација?
3. Дали пред средбата со безбедносно-интересни лица е направена проценка од страна на надлежните безбедносни служби и доколку е направена, зошто е дозволена таква средба?
4. Дали Талат Џафери после средбата ги известил надлежните безбедносни служби за текот и содржината на разговорите?
5. Од кого потекнала, односно кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?
– Патем и СДСМ треба да престанат да молчат и да се произнесат за овој скандал со средбата на Џафери.СДСМ треба да одговорат дали имало и нивни претставници во делегацијата предводена од Талат Џафери која ги примила овие лица во
Собранието? Дали Ковачевски како член на владата во тој период знаел за ваквите посети и дали и тој се среќавал со нив? Јавноста треба да го знае мислењето на Ковачевски за ова поведение на Џафери и неговите средби. Талат Џафери во многу наврати се докажа како недостоен за извршување на функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија и досега требаше да си поднесе оставка, појасни Ковачки.
Тој додаде дека Џафери мора да каже, дали средбата е иницирана од него, или некој му ги наметнал луѓето, и во двата случаи треба да има одговорност за институциите кои истата ја допуштиле.
– Власта должи одговори, дециден е Ковачки.