Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостувањето на Алфа телевизија истакна дека министерката за одбарана Радмила Шекеринска има должност и едноставно мора да одговори на јавноста за скандалите што го тресат нејзиното министерство.
-Јавноста мора да се сомнева и да прашува, затоа ние, односно јавноста ја плаќа оваа администрација која и да е, дали е ВМРО, дали е СДСМ на власт, дали е ДУИ, не е важно. Институциите морат да работат за граѓаните и за државата. Тие не работат сами за себе. Како што е во моментов случајот јавноста мора да бара одговори, затоа ние бараме одговори во име на јавноста. И ние тие одговори не ги добиваме, истакна Ковачки.
Додаде дека деновиве Дане Талески заминал во Брисел, а тој е цивил. Точно е дека НАТО е политичко воен сојуз, меѓутоа без највисок воен претставник таму за што треба да се разговара понатаму. Срамно е три години Македонија во НАТО да нема претставник.
-Состојбата е многу сериозна врзано за тоа прашање и мора да се носи одговорност. Знаете јас немам слушнато, еве пратиме сите, следиме телевизии, дали се сеќавате некој да бил вратен од мисија кој што сме го пратиле човекот. Јас не се сеќавам, ова е прв пат да ни се случува вака, и тоа не еднаш туку два пати, рече Ковачки.
Тој посочи дека прашање е дали некој ставил или не ставил потпис во делот на безбедноста. Поради тоа политиката моја да ја носи одговорноста. Политиката е таа што треба да биде транспарентна и да одговори на овие прашања. Не може тоа да го одговараат поединци, професионалци од струката, и да излегуваат и да објаснуваат што се случило и како се случило. Значи политиката е која што потпишала и го номинирала кандидатот. Госпоѓата Шекеринска го номинираше, таа излезе на телевизија и го кажа. Таа кажа дека со претседателот Пендаровски се согласиле за името.
-Тие се власт во државата, како што обвинуваат дека во време на ВМРО се издавало, еве сега нека повелат нека кажат каде е проблемот. Јас не навлегувам во делот пак ќе речам сертификатите на безбедносните, туку процедурата за избор и одредување на кандидатот. И кој е тој што го пратил, дали ги земал во предвид сите факти, појасни Ковачки.
Ковачки нагласи дека во избор на претставник во НАТО политиката, или политичката определба не треба да игра никаква улога.