петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Таман да помисли човек дека вистински ќе се посветиме на борбата со вирусот, гледаш истиот ден најважно било да им се исплатат платите на СЈО

Ковачки: Таман да помисли човек дека вистински ќе се посветиме на борбата со вирусот, гледаш истиот ден најважно било да им се исплатат платите на СЈО

И таман да си помисли човек дека ете после 5 мртви за еден ден, ќе се свестиме и вистински ќе се посветиме на борбата со вирусот, гледаш дека во истиот тој ден најважно било да им се исплатат платите на СЈО. Дека изостанува државничката димензија во вонредната состојба веќе се уверивме неколку пати, но зарем веќе после само еден месец ја запоставивме и хуманата димензија на кризата?, реагира кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Драган КОвачки

Менаџирањето на вонредната состојба е претворено во реактивност на суштински и корисни барања и предлози на субјектите во македонското општество пред се’ од страв за сопствениот рејтинг.

Јас ветив дека нема политички да ја напаѓам власта, затоа што сите мораме заеднички да ја пребродиме оваа криза која за жал веќе го коси и онака слабиот економски потенцијал на државата, но сепак, ми смета тоа што власта без да ги искористи внатрешните потенцијали преку разни прес конференции се обидува отсуството на содржина да го претстави како убава форма.

Иако уште од јануари знаевме дека е прашање на време кога вирусот ќе дојде и кај нас, сепак подготовките за борба и одговор изостанаа.
Власта има на располагање механизми со кои може да влијае истовремено и на здравјето и на економијата но изостанува одлучност и примена само затоа што предлозите доаѓаат како што реков од останати чинители во општеството кои не им се по мерка.

Еве конкретно со најпрост пример, задолжете ги македонските фирми да произведат заштитни средства, откупете ги и поделете ги прво на медицинскиот персонал а потоа и на граѓаните и тоа бесплатно. По се’ изгледа, потребата од такви средства ќе расте во престојниот период, па затоа ако успееме да произведеме вишок, дел искористете да продадете по пазарни цени надвор од државата, вели во својата реакција Ковачки.

Најнови вести