Tурски новинар на социјалната мрежа Твитер објави дека полицијата на Обeдинети Арапски Емирати го спровела Седат Пекер надвор од неговата резиденција во Дубаи.
Пекер е меѓу оние кои добиле македонски пасош со лажен идентитет на граѓанин од Скопје по име Џадин Адемовски во аферата што ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, преку видео пораки кои ги објавува на интернет се пресметува со турската држава која по него има распишано потерница, а во земјата се вршат постојани претреси на негови канцеларии, имот, лица поврзани со него.
Sedat Peker’in “basın danışmanı” Emre Olur ile az önce görüştüm. Peker’in, Dubai’de kaldığı konuta BAE polisleri TSİ 12’de geliyor. Kendisini bir yere davet ediyorlar. +++
— Alişer Delek (@AliserDelek) June 13, 2021