четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Криминалната власт на СДСМ Македонија ја направи презадолжена земја, со новото задолжување државниот долг ќе достигне над 7.8 милијарди евра“

„Криминалната власт на СДСМ Македонија ја направи презадолжена земја, со новото задолжување државниот долг ќе достигне над 7.8 милијарди евра“

СДСМ и Ковачевски ја продолжија црната слика за македонската економија оставена од Зоран Заев. Од ден во ден, од месец во месец, од година во година државата е се позадолжена и фрлена на колена, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија станува презадолжена земја. Без капитални инвестиции, со минимален раст на БДП, а парите на граѓаните се трошат само за непродуктивни трошења, криминални тендери и богатења на функционерите на СДСМ и ДУИ. Со новото задолжување кое е предвидено од страната на оваа криминална власт на СДСМ и ДУИ, државниот долг ќе го достигне историскиот врв од 7.8 милијарди евра. За само 3 години оваа власт, под превезот на изгласаните кризи во државата се задолжи за неверојатни 2.3 милијарди. А, со тоа секој граѓанин за само 3 години го задолжија за нови 1.250 евра. Кризи со кои се справивме најкатастрофално во Европа, но и во регионот. Како со здравствената, каде што најубедливо сме најлоши, така и со економската каде што имаме најмал БДП од земјите во регионот за последните 2 години, велат од партијата.

од таму додаваат дека сега новото задолжување го оправдуваат со енергетската криза како и последиците од војната во Украина. И повторно заради лошото справување и менаџирање на кризите.

-Се поголем е бројот на затворени фирми, компании и отпуштање на вработени, поради задоцнетите или нецелосните мерки од страна на оваа криминална власт. Инфлацијата секојдневно го јаде стандардот на граѓаните, а Владата на СДСМ и ДУИ со прст не мрда да им помогне на граѓаните. Јасно е дека оваа власт е тотално неспособна да се справи економските предизвици и за подобрување на стандардот на граѓаните. Македонската економија е целосно уништена. Оваа неспособна и криминална власт мора да замине што поскоро, а за тоа се потребни брзи предвремени избори, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести