среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Криминалот кој е неказнет и невработеноста се најголем проблем според граѓаните, за неуспехот ја обвинуваат Владата на СДСМ

Криминалот кој е неказнет и невработеноста се најголем проблем според граѓаните, за неуспехот ја обвинуваат Владата на СДСМ

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.

Најголем дел од испитаниците се изјасниле дека немаат доверба во македонската Влада. Прашани за тоа кој е најголемиот проблем на Владата, граѓаните одговараат:

Како што можете да видите од резултатите, според граѓаните, најголем проблем е криминалот кој е неказнет, а за оваа опција се одлучиле 33.5% од испитаниците.

Втор најголем проблем е невработеноста, а потоа следуваат лошата економија, ковид кризата, неостварените ветувања и недоволната заштита на националните интереси.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

Во делот од анкетата каде се разработуваат прашањата кои се однесуваат на градот Скопје (и општините) во фокус се 742 испитаници од Градот Скопје кои се дел од вкупниот примерок од 1 523 испитаници.

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.

Најнови вести