Функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој завчера тепаше полицајка на Битпазар затоа што сакала со пајак да му го крене автомобилот кој бил непрописно паркиран – не доби кривична пријава за напад на службено лице.
Наместо за ова кривично дело, за кое се добива затворска казна до 10 години, од МВР на Асани му поднеле само прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, за што не се одговара кривично, туку со казна од 500 до 800 евра.
Се коментира и дека „со оваа одлука на МВР дојде животот“.
Коментарите не сопираат за постапката на полицијата.
Граѓаните во коментарите потсетуваат и дека ова не му е прв испад на Асани.