недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Криза на авторитети во СДСМ: Заев бара избори во јуни, Филипче вели се влошува здравствената криза

Криза на авторитети во СДСМ: Заев бара избори во јуни, Филипче вели се влошува здравствената криза

Лидерот на СДСМ Зоран Заев никако да се откаже од предвремените избори кои требаше да се одржат во април годинава.

Тој и по цена на здравјето на граѓаните во време на пандемија бара брзи избори во јуни.

Инаку изборите речиси низ целиот свет се откажуваат, додека кај нас власта сака избори во време кога министерот за здравство Венко Филипче призна дека се влошува ситуацијата со кризата и бројката на ново заболени повторно започна да расте.

За потсетување првиот круг од локалните избори во Франција во март годинава предизвика рекордно ниско ниво на излезеност со што вториот круг беше одложен и се уште не е одржан.

На изборите излегоа 45,5 проценти од потенцијалните гласачи, наспроти 43,55 проценти од последните избори во 2014 година.

-Високата стапка на воздржаност е доказ дека граѓаните се плашат да излезат на гласање, неодамна изјави премиерот на Франција Едуард Филип.

Инаку и Полска ги откажа претседателските избори поради пандемијата со коронавирусот.

Истите требаше да бидат одржани во неделата, но беа одложени, а новиот датум ќе се дознае за две недели.

Инаку во регионот избори до овој момент беа одложени и во Црна Гора, Косово и Србија, вклучувајќи ја и Македонија.

Целата мапа на откажани избори без разлика дали станува збор за локални, парламентарни или пак претседателски можете да ја погледнете ТУКА.

Инаку денеска министерот за здравство Венко Филипче призна дека бројот на заболени од коронавирус се зголеми

Министерот за здравство, Венко Филипче, во своето утринско обраќање во емисијата „ Утрински брифинг“ зборуваше за корона кризата со која се соочува државата и по подолг период призна дека бројот на пациенти заболени од овој вирус почнува да се зголемува.

„Имаме многу различни сценарија кои за многу кратко време ја сузбија епидемијата, за кратко време се намали бројот на пациенти, но сега повторно се враќаат,“ посочи Филипче.

Таравари: Мислам дека предлогот на СДСМ за 14 јуни е некоректен

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за ТВ 24 изјави дека нивнииот став е дека изборите, за доброто пред се на граѓаните, треба да се одржат на крај на јули или почеток на август и дека предлогот на владејачката СДСМ за 14 јуни е некоректен.

– Тоа ќе биде нашиот предлог на лидерската средба, но повторно ќе ги слушнеме сите, ќе разговараме и се надевам дека ќе стигнеме до консензус како што беше случај за 12 април, за одложување на изборите поради КОВИД-19 и сега се надевам дека ќе најдеме заедничко решение. Мислам дека предлогот на СДСМ за 14 јуни е некоректен. Пред се затоа што границите на ЕУ се отвораат на 15 јуни, значи еден ден претходно, односно некоректно е кон граѓаните кои што живеат или работат во било која држава надвое од Македонија, вели Таравари.

Дали е погоден нивниот предлог за датум со оглед на тоадека повеќето од граѓаните се на годишни одмори, Таравари смета дека поради ситуацијата со коронавирусот, одмори оваа година нема да има.

– По се она што се случува, денеска се тестирани многу малку пациенти, 140, и тоа е јас мислам намерно за да излезе 10-20 отсто и денеска излегоа повеќе од 10 отсто позитивни од тие што се тестирани и некако се брза да се оди на избори и јас мислам дека оваа година одмори нема да има, ретко некој ќе смее или ќе може да оди надвор од државата поради состојбата со коронавирусот. Мислам дека и туристичките места ќе бидат лимитирани со броеви и мислам дека туризмот оваа година ќе биде внатре во државата, смета генералниот секретар на Алијансата.

Бујар Османи: Секаде во светот избори во септември, октомври

Вицепремиерот Бујар Османи во неговото попладневно гостување на ТВ 24 рече дека на ДУИ како партија на власт ѝ одговара што поскоро да се одржат избори, но дека остануваат нивните два услови: Комисијата за заразни болести да излезе со став дека изборите нема да го загрозат здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР.

Тој рече и дека бил во посета на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и оти неформалниот став на Комисијата е ако има избори да се спроведат под неколку критериуми.

„Јас го посетив ИЈЗ, имавме подолг разговори и ги прашав, сакав да бидам спремен за лидерската утре. Неформалниот став на Комисијата е дека сепак во овој период ако се одржат изборите ќе треба да се почитуваат мерките: два метра дистанца, носење маска, менување ракавици при секое гласање затоа што пенкалото не може да се смени и да нема никакви собири на луѓето. Тие работи ги спомнаа како критериуми. Сега ние како политичари треба да кажеме дали е во ред под такви услови да одржиме избори“ рече Османи во пресрет на лидерската средба утре кај претседателот Стево Пендаровски.

Тој зборуваше и за анализи кога на власта, а кога на опозицијата, генерално им одговара се одржуваат избори.

„Не само кај нас, секаде во светот избори во септември октомври им одговара на опозицијата, такви се калкулациите дека тогаш економските ефекти може да бидат поголеми, тогаш луѓето ќе имаат повеќе трошоци, па не можат да ги подмируваат тие трошоци и се понегативни кон владата. Тоа е општа логика, не само за кај нас. И дека за владата можеби опортунистички, партиски би било поповолно сега. Дури има една психолошка анализа која вели дека во летните месеци се луѓето порасположени и гласаат за владејачките партии за разлика од ладните месеци“, рече Османи.

Епидемиолозите се јасни: 28 дена без ниту еден регистриран случај, па потоа избори!

28 дена без ниту еден регистриран случај, па потоа избори. Епидемиолозите предупредуваат дека масовни собири како изборното соочување во време додека се уште трае епидемијата на корона вирусот не доаѓаат предвид.

Сител за ова прашање побара став и од членовите на комисијата за заразни болести која треба да препорача кога ќе има услови за да се организираат избори. Побаравме двајца епидемиолози но не добивме одговор кои услови би требало да бидат исполнети за да може безбедно да се организираат изборите.

Сите политички партии официјално велат дека нема да прават компромис со здравјето на граѓаните но неофицијално, партиските функционери веќе неколку недели се растрчани на терен во лов на гласачи.

Доколку се следат епидемиолошките препораки, извесно е дека избори до крајот на наредниот месец нема да има. Под претпоставка, на крајот на јуни да почнеме да добиваме извештаи во кои нема да има ниту еден инфициран, според епидемиолошките препораки, изборите нема да може да се одржат пред почетокот на август.

Најнови вести