Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, денеска традиционално по 17-ти пат организираат крводарителска акција.
Целта на акцијата, што ќе се одржи од 9 до 17 часот во Домот на АРМ, е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можноста од недостиг на крв и крвни деривати.
Крводарителската акција првпат беше организирана во 2003 година, кога 146 луѓе даруваа крв, а во 2018 година 264 граѓани ја покажаа својата хуманост. За овие 16 години имало 3.708 крводарувања, или во просек 232 крводарители во една акција.