сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СВР Тетово спроведе уште една крводарителска акција

СВР Тетово спроведе уште една крводарителска акција

Во Секторот за внатрешни работи Тетово денеска се спроведе втората крводарителска акција оваа година, во која вкупно беа собрани 15 единици крв.

-Заедно со претходната акција вкупната бројка на собрани единици сега изнесува 43, додека во периодот за кој станува збор вкупната бројка на собрани единици во двете досега реализирани акции во Одделението за внатрешни работи Гостивар изнесува 53.

Со овие акции, вработените во СВР Тетово уште еднаш на дело ја искажаа нивната несебичност, хуманост и солидарност и на најконкретен начин партиципираа во континуираните напори и активности за афирмација и унапредување на крводарителството на пошироките полошки простори.

Она што посебно охрабрува е дека меѓу крводарителите значителен е бројот на нови, млади полициски службеници кои даруваат дел од себе за да спасат други животи, велат од СВР Тетово.

Најнови вести