петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кумановската Делукс Ауто давала возила на СДСМ, а сега добива договори во четири очи со МВР

Кумановската Делукс Ауто давала возила на СДСМ, а сега добива договори во четири очи со МВР

Кумановската Делукс Ауто, која давале шкоди за СДСМ,  сега добива договори во четири очи од МВР.

Во Министерството за внатрешни работи се случуваат низа на скандали за кои нема никаква разврска. Еден од таквите пример е и набавката на Шкоди за милион евра.  Со донирани милион евра од Република Чешка, македонското МВР лани без тендер купило 45 автомобили „шкода“ од фирма којашто била донатор на владејачката СДСМ во 2016 година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата Топ тема на Телма, призна дека и претходно СДСМ имала бизнис интереси со фирмата за автомобили Делукс-ауто од Куманово.

Делукс ауто е компанијата од која беа набавени 45 возила од марката „Шкода“ за потребите на МВР, надвор од редовна тендерска постапка, во „четири очи“. Но,  зошто јавното обвинителство се уште не отвора случај за оваа незаконска набавка од страна на СДСМ, само го потврдува сомнението дека Спасовски и Заев влијаат врз судската власт.

Според ова, СДСМ враќа стари долгови на фирми блиски до неа, со што уште еднаш покажува дека не работи во интерес на граѓаните. Како што објасни министерот станува збор за зделка во минатото, со која СДСМ за свои партиски цели набавувале возила од Делукс-ауто, под специјални услови кои и биле наметнати на фирмата од Куманово.

Најнови вести