СВР Куманово потврди дека кумановскиот градоначалник е повикан на информативен разговор, по однос на добиена анонимна пријава.
Во пријавата е наведено дека секторот за финансии исплаќал додаток на плата за кандидати за инспектори кои немале лиценца.
– Денеска во просториите на СВР Куманово, по насоки на јавен обвинител Куманово на информативен разговор беше повикан градоначалникот на Општина Куманово, а во врска со добиена анонимна пријава во која се наведува дека од страна на Секторот за финансии при Општина Куманово на вработените во Секторот за инспекција, незаконски им бил исплатен додаток на плата од 30 проценти и тоа на кандидати за инспектори кои не се стекнале со лиценца инспектор, а со тоа е оштетен буџетот на Општина Куманово. Потенцираме дека за сите наводи постои документација која на барање од СВР Куманово е доставена од страна на Одделението за човечки ресурси од Општина Куманово, соопштија од СВР Куманово.
Секторот за внатрешни работи Куманово велат оттаму постапува согласно своите законски правила и прописи, без оглед на тоа за која институција и да станува збор.