понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кумуцакос: Предуслов за решавање на спорот за името е промена на македонскиот Устав

Кумуцакос: Предуслов за решавање на спорот за името е промена на македонскиот Устав

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос истакна дека предуслов за решавање на спорот за името е промената на македонскиот устав, пренесува грчкиот портал Ифимерида.

“Неопходен предуслов и фундаментална гаранција за дефинитивно решавање на прашањето за името со Скопје е промена на нивниот устав” , вели тој.

Според Комуцакос неопходно е промената на македонскиот Устав да се случи пред ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.

“Промена која не само што ќе се предвиди, туку ќе биде направена пред ратификацијата на кој било договор”, рече пратеникот на опозициската Нова Демократија.

Комуцакос е дел од грчкиот парламент и во својата партија е задолжен за надворешна политика.

Најнови вести