Поранешната пратеничка и советничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска порачува дека нејзината сопартијка и актуелна министерка Радмила Шекеринска – безочно манипулира.
Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
Безочна манипулација на Радмила Шекеринска во изјавата со која го брани неодбраливото:
-Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато.
Германија не ја условува Македонија за ништо и не бара од нас да го избришеме од учебниците „германскиот фашистички окупатор“.
Барем таа можеше да седне и да прочита некој ред. Да речеме „Прашање на вината“ од Карл Јасперс за да го разбере фашизмот и нашиот однос кон него.