петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР ДОЗНАВА: Од магацинот на Охридската касарна било украдено оружје со кое може да се вооружи цела чета

КУРИР ДОЗНАВА: Од магацинот на Охридската касарна било украдено оружје со кое може да се вооружи цела чета

Магацинот во склоп на Охридската касарна ,,Михајло Апостолски” бил составен од три простории во кои се чувала поголема количина на сандаци со боева муниција 7.62, рачни бомби и гранати сопственост на Полициската страница од општа надлежност од Охрид, дознава Курир од свои извори.

Од извор кој беше вклучен во увидот констатирано е дека одземени се поголем број на сандаци со боева муниција 7.62мм, поголема количина на сандаци со рачни бомби и гранати и друга опрема.

-Кражбата е извршена со возило кое било паркирано до оградата од касарната која пред неколку дена била исечена, по што сторителите со употреба да подесен предмет ја обиле главната врата од магацинот и го одзеле оружјето.  Од СВР Охрид незнаат колкава количина на оружје е одземено, поради тоа што немале евиденција колку оружје имало внатре во магацинот. Се шпекулира дека високи структури односно старешини од Р.Ц. Запад индирекно се вмешани во кражбата.  Не се само шок бомби… вели извор за Курир.

Најнови вести