петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР ДОЗНАВА: Пронајден бегалецот од пред Кривичен суд

КУРИР ДОЗНАВА: Пронајден бегалецот од пред Кривичен суд

Затворската полиција заедно со полициски службеници на МВР го пронашле лицето кое утринава избега од пред Кривичниот суд, дознава Курир.

Како што претходно објави Курир, осомничено лице за криумчарење мигранти утринава успеало да и избега на затворската полиција откако било спроведено пред Кривичниот суд за одржување на судски процес.

Според најновите информациите на Курир, лицето кое избегало со лисици на рацете било пронајдено во околината на Кривичниот суд.

Од Министерството за правда претходно ни го потврдија случајот.

-Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнаа од Министерството за правда за Курир.

Лицето кое избега утринава за бегството најверојатно ја искористило гужвата пред Судот.

Најнови вести