вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

КУРИР дознава: ВМРО-ДПМНЕ со предлог забелешки за француската преговарачка рамка, овие работи според партијата МОРА да се изменат

КУРИР дознава: ВМРО-ДПМНЕ со предлог забелешки за француската преговарачка рамка, овие работи според партијата МОРА да се изменат

КУРИР дојде до предлог забелешки на ВМРО-ДПМНЕ кон Општиот став на ЕУ (Преговарачка рамка) и Заедничкиот став на ЕУ (Преговорите за пристапување) во однос на Македонија.

Во документот наречен Општ став на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ предлага:

 

  1. Во точка три зборовите ,,ЕУ ги зема во предвид соодветните едонстрани декларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик“ се бришат. Во ставот три по зборот „ЕУ“ се додаваат зборовите „истите ќе бидат на македонски јазик“.
  2. Во точка пет од Преговарачката рамка се брише последната алинеја која гласи ,, Имајќи го предвид горенаведеното, посветеноста на Северна Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително и преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12), во согласност со Солунската агенда за Западен Балкан усвоена во јуни 2003 година, Декларацијата од Софија од мај 2018 година, Декларацијата од Загреб од мај 2020 година и Декларацијата од Брдо од октомври 2021 година, заклучоците на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација од март 2020 година и декември 2021 година и други релевантни заклучоци на Советот“.

Во документот наречен Заеднички став на ЕУ, партијата предлага:

  1. Во точка 1 по зборчето ,,на,, се бришат зборовите ,,првата фаза од,,.
  2. Се брише точка 11 којашто гласи ,, Оваа Преговарачка рамка ќе ви ја презентираме врз основа на општиот став на ЕУ, за време на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени како што е наведено во Заклучокот на Советот од XX/XX/2022, во согласност со своите внатрешни процедури,,.
  3. Во точка 13 се бришат зборовите ,,Откако С. Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот.,,.
  4. Во точка 14 се бришат следните зборови ,, Денес, потсетуваме на важноста од постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучувајќи ги договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Во таа насока, го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно член 12 од овој договор. Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка кои остануваат суштински елементи од процесот за проширување како и од процесот за стабилизација и асоцијација.,,.

 

Најнови вести