Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска на денешната собраниска расправа за реконструкција на Влада, рече дека оваа Влада ја убедува јавноста оти економијата блеска и во исто време тие кажуваат дека минстерот којшто ја водел таа економија е добар министер и дека добро работел.
-Намерата ви беше да влезете фајтерски да направите нови задолжувања, со кои ќе го зголемите јавниот долг за да направите она што сакате да ни го кажете, зголемување на пензии на плати, во услови во кои немам раст, ама баш никаков раст на економијата, истакна Кузмановска.
Таа посочи дека со политичката криза која ја донесе СДСД, бруто домашниот производ изнесуваше 0%.
– Она што следува понатаму е дека вие ги немате приходите до 5 месец прибрано односно даноците. Имате 30,8, имате за 8% околу 50 милиони евра помалку. Ако не направите јавен долг откаде ќе ги земете тие пари. Вие го зголемувате јавниот долг , односно министерот имаше прелог да ја направи таа фискална консолидација, до 2020 да го зголеми јавниот долг до 52 %, а потоа да направи една стабилност, посочи Кузмановска.
Имено таа потсети дека странските инвестиции во првиот квартал се 28 милиони евра, во 2011 година кога власта беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа 197 милиони евра.