На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска . Таа истакна дека со менување на Уставот државата ќе доживее измени во целокупната своја историја и дека Република Македонија каква што ја знаеме нема да постои туку дека се создава нова држава.
„Се што произлегло од АСНОМ почнувајќи од „Крушевскиот Манифест“ па понатаму се брише и со тоа всушност тој произведен правен акт со кој се создала државата се отстранува и на тие одлуки што кажав претходно се темели нашата држава и самата држава и нејзиното постоење за жал се укинува.“ – кажа Кузмановска.
Пратеничката истакна дека е и дилема зошто мора да се вметне и Охридскиот договор во Уставот кога и претходно Премиерот самиот кажувал дека нема потреба додатно да се отвора пандорината кутија.