Од она што го видовме на „Ла Верита“ во изборните манипулации не бил вклучен само братот на екс премиерот, туку и Зоран Заев лично, па така според она што го пишува „Ла Верита“ , а што се наоѓа како доказ во обвинителство, екс премиерот директно бил вклучен во изборниот поткуп иако за поголемиот дел од нелегалните дејанија бил задолжен неговиот брат со единствена цел Зоран Заев да се заштити самиот себе си.
Зоран Заев директно вмешан во предизборен поткуп
По објавите на „Ла Верита“, јавноста виде и слушна за поголемиот дел од криминалните дејствија поврзани со изборен криминал одговорен е Вице Заев, но обвинителството поседува СМС порака според која Зоран Заев и неговиот брат се согласуваат да платат пари на луѓе кои ќе гласаат за СДСМ, други пак бараат да бидат компензирани во замена за вклучување на водата и канализацијата, тие потврдуваат и прашуваат за излезноста.
Во обвинителството се наоѓа и СМС порака помеѓу Заев и лице кое од него бара пари додека Заев му посочува да оди во седиштето на СДСМ каде и од кого ќе ги добие парите. Парите ќе му бидат исплатени во општинската зграда во Струмица од извесни Љупка и Кате.
Како што се гледа од разговорите кои ги објави „Ла Верита“ Вице Заев дава инструкции за исплата на гласачите, но и координира лица кои во свои раце имаат десетици лични карти, односно гласачи, а за нив бараат парична компензација.
Во еден од разговорите, Вице дава наредба во неговата семејна компанија да подготват 5 илјади денари во плико за лице кое претходно побарало пари од него за да гласа за СДСМ, додека постои и СМС порака од ромски гласач кој прашува дали треба да дојде кај него е за да земе пари.
Најголем дел од зделките се завршувале во „штабот“ каде биле купувани гласовите.
Покрај притисоци врз вработени во приватни фирми, Зоран Заев притискал и издавал наредба до вработените во општина Струмица да излезат и да го дадат својот глас за него.
Вицето се координирал со Љупка Цветкова, кумашнинка на Зоран Заев за кои гласачи треба да бидат исплатени бидејќи својот глас го дале за СДСМ. Со друг човек пак вицето разговара за издавање на лични карти за гласачи кои претходно биле таргетирани (купени).
Нелегано финансирање на политичка кампања, како Вице Заев земал пари од Борче Хаџиев, сопственик на Штедилница „Можности“
Во овој разговор Вице Заев му потенцира на Борче Хаџиев дека итно му требаат пари, па за истата бара половина да прати лице кое ќе ги донесе, а другите да останат кај Борче. Борче за истото вели дека 100.000 се останати, од тие има 50 илјади кои ги крие во кола заради претрес од полиција. Потоа се договараат Борче да однесе 30 илјади евра кај Зоки Ѓорѓиев во главниот штаб, а 5000 евра да останат кај него.
Постои и разговор помеѓу Борче Хаџиев и Вице Заев во кој тој му дава инструкции следниот ден во 9:30 часот да се сретне со некое лице во хотел и доколку тоа лице го праша Борче за „списокот“ да му каже дека втората половина е кај Вице. Борче во истиов разговор го известува Вице дека посетил 3-4 поголеми фамилиии, при што во две фамилии бил со Мило и дека завршена е работата со нив, мислејќи дека ги исплатил.
Разговори Вице Заев со Марјан Даскаловски (претседател на ОО на СДСМ Струмица и пратеник во собранието од редовите на СДСМ)
И во овие разговори постојат докази за криминал. Во еден од разговорите Вице го информира пратеникот Даскаловски дека му пуштил поголема група од 15-16 луѓе од село Тркање струмичко, да го праша учителот Мемет за кого гласале, на што Даскаловски му вели дека Мемет бил со Чомбе и го прашува Вице Заев дали разговарал за 3-ката да гласаат, на што Вице вели дека е потврдено.
Даскаловски му вели на Вице дека ќе прати дете по презиме Митев од како што вели „трета месна наше дете“ да му даде 1500 денари што му недостасуваат за да си плати струја, на што Вице вели дека ќе се видел со Трајче околу 13-14 часот и ќе му дал пари. Исто така во разговорите Даскаловски му побарува 1000-2000 денари за Ѓурѓовден, за луѓе од село Баница кои му ги побарале, на што Вице вели исто ќе им даде.
Тука станува збор за класичен пример за поткуп на гласачи, сериозно кривично дело.
Вице во разговорите со Даскаловски му вели да огранизира кола за Даниел да ја носи мајка му на гласање, по што тој вели дека тој бил таму за да им даде на луѓето лични карти. Во материјалите има и смс порака во која Вице му вели на Даскаловски дека во 7 треба да се видат и да се договорат за обврските.
Од нивната комуникација има и разговор за повратни карти за студенти, во којшто Вице му кажува на Даскаловски дека ќе земе од Пеон и следниот ден ќе му даде 15-20.000 илјади колку што чинат повратните карти за студентите.
Во еден разговор Даскаловски му кажува на Вице Заев дека во понеделник „еден човек“ треба да му даде 1000 евра, а во него има 500 евра од друг човек, на што Вице се жали дека бавно се собираат парите, на коешто Даскаловски одговара дека бил крив Зоран Заев и дека Зоран Георгиев требал да земе од извршителите и од нотарите кои лапале благодарение на партијата.
Ова говори за вмешаност во изборен поткуп, рекетирање на луѓе, невиден криминал и корупција од страна на пратеникот од редовите на СДСМ Марјан Даскаловски и братот на Зоран Заев, Вице Заев, како и широка распространета мрежа на луѓе во Струмица кои ја контролирале за да вршат притисок, уцена, рекет и поткуп на граѓаните за да гласаат на избори.
Дека и самите знаеле дека се вмешани во тежок криминал кажува разговорот помеѓу Вице Заев и Сеад Селимович кој оди во седиштетото на партијата да си ја земе исплатата, но притоа не е сигурен дали го следеле „кучињата“ мислејќи на полицијата, ако не станувало збор за криминал полицијата воопшто немало ни да ги загрижува.
Инаку она што е познато дека во првиот дел на скандалот носи докази бркање од работа, невидена тортура, како Заеви „победуваа“ во Струмица
Третиот дел од скандалот објавен во Ла Верита се однесува на тоа како Заев купувал со пари 5 000 албански гласови преку командант на УЧК кој се наоѓа на црната листа на САД.