четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лагите дека ќе прогласи воена состојба произлегле од текст на сегашен заменик министер- Иванов сведочеше за „27 април“

Лагите дека ќе прогласи воена состојба произлегле од текст на сегашен заменик министер- Иванов сведочеше за „27 април“

На денешното рочиште од судењето за „27 април“ сведочеше и екс претседателот на Македонија, Ѓорги Иванов.

Тој посочи дека се што е поврзано со лагите оти ќе прогласи воена состојба произлегло од текст објавен во еден неделник, неколку дена претходно.

-Беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа. Целиот текст е небулоза, затоа што Уставот е јасен. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и Армијата, рече Иванов.

Инаку, автор на тој текст што го посочува Иванов е Зоран Димитровски, тогашен новинар на Фокус, кој сега е заменик-министер за локална самоуправа како предлог на Демократската партија на Павле Трајанов, кој последните денови се обидува да и даде некаква патриотска нишка на својата партија, откако заедно со останите членови и Димитровски учествуваа во инсталирањето на Северна и хибридниот режим преку вакви конструкции. Димитровски дури беше испратен на 4 февруари да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод неговиот роденден.

Најнови вести