четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лајм: Директорот Ќамил Ковачи додели 23 решенија за работа, застапеноста надминува 25%

Лајм: Директорот Ќамил Ковачи додели 23 решенија за работа, застапеноста надминува 25%

Директорот на психијатриската болница во Скопје, Ќамил Ковачи, денеска додели 23 решенија за работа за вработените со договор на дело. Од вкупниот број од 23 вработувања, 16 се Албанци и 7 од другите заедници, пишува Лајм.

Застапеноста на Албанците во оваа здравствена установа надминува 25 проценти и ја почитува уставната норма за соодветна застапеност.
Како што пишува Лајм директорот Ковачи, од почетокот на мандатот како директор, максимално се залагал за вработувањето на албанци како медицински кадри и технички персонал. Тој во континуитет вработува персонал секоја година, и сега ја исполнил потребната квота.

Во психијатриската болница во Скопје директорот Ќамил Ковачи вели дека се прават капитални инвестиции во инфраструктурата на објектите и се создаваат што попогодни услови за пациентите, споменувајќи го реновирањето на некои од објектите, купувањето на кревети и уредувањето на просториите во оваа болница.

Најнови вести