петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска до Елези: Одбивте амандман кој што го бара и УНЕСКО за зачувување на крајбрежниот појас на Охридскиот брег

Лашкоска до Елези: Одбивте амандман кој што го бара и УНЕСКО за зачувување на крајбрежниот појас на Охридскиот брег

Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет поднесе амандман за кој треба да се издвојат средства во висина од 50 милиони денари определени за 19 урбани комплекси кои се дел од споменишната целина во старото градско јадро на Охрид, како и за потребната планска документација за крајбрежниот појас.

Истиот амандман поднесен од пратеничката Ане Лашкоска беше одбиен од Ширете Елези, заменик министерката за финансии.

Во контекст на овој амандман сакам да ви дадам едно образложение бидејќи гледаме дека од вашиот одговор не сте ни запознаени за случувања или една расправа која што ја имавме во Собранието на Република Македонија. Имено имавме надзорна расправа од Комисијата за култура во однос на имплементацијата на препораките на УНЕСКО за зачувување на крајбрежниот појас на Охридскиот брег и регион, кој што ги опфаќа Охрид и Струга. Градоначалникот на Охрид кажа дека нема пари за изработка на ДУП-ови, и бара пари од страна на државата, појасни Лашкоска.

Најнови вести